|
EUi е дел од светската мрежа на eвропски информативни центри. EUi е отворен за целата јавност во земјата и во поширокиот регион. Услуги се обезбедуваат за академската јавност, владините тела и институции, невладините организации, претпријатијата и други заинтересирани групи.
Книжниот фонд вклучува повеќе од 1,500 публикации и над 10,000 книги објавени од Европската комисија, Европскиот совет, Европскиот парламент и други ЕУ институции и организации.
Главните активности на EUi се следниве:
- Промовирање и дисеминација на информации и документација од и за ЕУ;
- Обезбедување на информации за посетители (главно од универзитетскиот кампус);
- Поддршка за академски и професионални истражувачи;
- Соработка и размена на информации со други релеи на ЕУ.
Центар за податоци и информации за Европската Унија (EUi) на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи беше отворен на 07.05.2009 година од страна на специјалниот претставник на Европската Унија и Шефот на Делегацијата на Европската Комисија, неговата екселенција, амбасадорот Ерван Фуере.
|