| Зошто на ФАМИС? |
|
|
|
Доколку изберете да студирате јавна администрација ќе направите вистински избор заради тоа што во нашата држава не постои ваков вид високо образовен профил и покрај силно изразената потреба од градење на ефикасна и професионална јавна администрација. Студиите по јавна администрација ќе ви овозможат интердисциплинарно знаење за областите: право, економија, менаџмент, политички науки и странски јазици со што ќе ви се отворат широки хорзонти за вработување не само во јавната и државната администрација во Р.Македонија, но и во институциите на Европската Унија каде што се стреми нашата држава. Доколку сте заинтересирани да станете успешен менаџер кој ќе располага со информатички знаења и вештини, вие сте на вистинското место. Во време на информатички бум, компјутерите и компјутерската технологија станаа значајни алатки за ефективно и ефикасно менаџирање со различните процеси и ресурси во организациите на развиениот свет. Ниту една менаџерска одлука не може да биде толку добра без развивање на менаџмент на информациски системи кои се основа за водење на бизнисите. Одговорот на вашето вистинско прашање: што сакам да бидам? ќе го најдете во вашата определба да бидете успешен државен функционер, политичко - правен аналитичар или советник во јавни и државни претпријатија или менаџер инжинер по информатички системи. Наставниот кадар на ФАМИС со сигурност ќе ја оправда вашата доверба. Будното следење на новините во светот, на знаењето и истражувањето и нивното успешно и грижливо пренесување на студентите, доволно зборуваат за нашата определба да ви обезбедиме квалитетно образование и диплома која ќе ви гарантира вработување во јавни и државни институции и приватни организации каде што со гордост ќе работите и ќе го давате својот придонес во развој на општество засновано на знаење. Начинот на кој ние предаваме и начинот на кој вие ќе се стекнувате со нови знаења и вештини се разликува од се она што до сега сте го сретнале. Затоа, доколку сакате целосно да ги остварите вашите амбиции ФАМИС претставува вистинска шанса да го направите тоа, да се докажете студирајќи го она што вие го сакате. Благодариме на вашата доверба. |