Посетете не! Печати Е-пошта

Во претходно утврдени денови во текот на академската година, ФАМИС нуди можност за заинтересираните средношколци и нивните родители да дојдат и да го посетат Факултетот.
Овие денови, се, воглавно, наменети за средношколци кои размислуваат каде да го продолжат своето образование. Во рамките на оваа посета тие ќе бидат во можност да се запознаат со нашите сегашни студенти, асистенти и професори, да го посетат компјутерскиот центар, библиотеката, амфитеатрите, интернет клубот со цел да стекнат претстава за студентското окружување каде што ќе поминат три, односно пет години од својот живот.