Францускиот амбасадор одржа предавање на ФАМИС Печати Е-пошта

На 15 март 2011г.,  Н.Е г-дин Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција во Република Македонија го посети Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, каде беше примен од деканот, проф.д-р Виолета Пановска- Бошкоска.

Цел на неговата посета на ФАМИС беше предавањето кое го одржа пред бројните студенти, на тема: Предизвици и перспективи за проширувањето на Унијата-Француско видување.

Предавањето и темата предизвикаа голем интерес кај студентите за што доказ беа нивните многубројни прашања на кои амбасадорот со задоволство одговараше низ пријатен и исцрпен дијалог.

 

ФАМИС на Facebook