Одржана конференција „Франкофонијата и демократијата“ на ФАМИС Печати Е-пошта

altФакултетот за администрација и менаџмент на информациски системи (ФАМИС) , во соработка со Франкофонски круг и Центарот за истражување и креирање политики од Скопје, на 12 декември 2011 година (понеделник), одржа конференција насловена „Франкофонијата и демократијата“.

Конференцијата се одржа во Свечената сала на ФАМИС во Битола.

Конференцијата имаше за цел запознавање на македонската јавност со практицирањето на демократијата, човековите права и слободи во франкофонскиот простор, преку промоција на Декларацијата од Бамако.

На конференцијата учествуваа млади правници, економисти, политиколози, студенти, франкофони, претставници на државни органи, судии, почесни конзули и други заинтересирани за развојот на демократијата, човековите права и правната држава во Република Македонија.

 

 

ФАМИС на Facebook