Предавање од американската амбасада Print E-mail


На 12.04.2011 во просториите на ФАМИС се одржа предавање на господинот Скот Винтон, политички советник во Aмбасадата на САД во Р. Македонија. Преку ова предавање студентите имаа можност поблиску да се запознаат со политичкиот систем на САД, начинот на креирање на надворешната политика во САД, како и  спецификите на дипломатската функција и протокол. Ова предавање е резултат на континуираната соработката на ФАМИС, Американското катче од Битола и Амбасдата на САД. Меѓу другото на студентите им беа поделени информативни материјали за можностите за студирање во САД и за полагање на TOEFL интернационалниот тест за познавање на англискиот јазик.

 

Visit us on Facebook