|
Промоција на Програмата на ЕУ ФП7 и одбележување на 100 години од Нобеловата награда за хемија |
|
|
|
На 23 декември, со почеток во 12:30 часот, на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи ќе се организира презентација на Седмата рамковна програма (ФП7), најголемата програма на ЕУ која го финансира 'триаголникот на знаење' – истражување, образование и иновации. Овој настан ќе биде организиран по повод 100 – годишнината од Нобеловата награда за хемија доделена на Марија Склодовска – Кири.
|