|
Поврзување на теоријата со праксата – соработка на студентите од ФАМИС со компанијата ЦЕРМАТ |
|
|
|
Неодамна успешно беше реализиран проект за воспоставување соработка помеѓу високото образование и бизнис секторот, на кој активно учество зедоа студентите од втора и трета година на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи (ФАМИС) од Битола. Имено, на покана на ЦЕРМАТ - најуспешната компанија за производство и продажба на сладолед во Република Македонија се реализира проект преку кој до израз дојдоа креативните идеи на студентите на тема „Задржување на старите и придобивање на нови купувачи“.
Проектот во кои беше вклучен менаџерскиот тим на компанијата на ЦЕРМАТ предводен од директорот, г-динот Зоран Ристевски, а координиран од м-р Мимоза Богданоска Јовановска асистент на ФАМИС беше реализиран во неколку фази и имаше натпреварувачки карактер.
На иницијатива на студентите-учесници во проектот изработена е web страната од студентот Живорад Трајановски, учесник во проектот, така што повеќе информации за текот на активностите, работата на групите, понудените решенија, како и презентацијата која победи можете да најдете на следниот линк www.casestudy.co.cc
|
|
Конкурс за втор циклус студии со Универзитетот Франклин - Охајо |
|
|
|
Во прилог е конкурсот за втор циклус студии со Унивезритетот Франклин, Охајо,
САД. |
|
Презентација на програмата „Еразмус“ на ФАМИС |
|
|
|

На ден 19 декември 2011 година , Националната агенција за европски образовни програми и мобилност одржa презентација на програмата „Еразмус“ на Факултететот за администрација и менаџмент на информациски ситеми– Битола. На настанот се обрати, в.д. Директорот на Националната агенција г-дин Дарко Димитров, додека детална презентација на програмата и можностите кои таа ги нуди направи кординаторот за програмата „Доживотно учење“ м-р Јован Попоски. На презентацијата беа објаснати можностите кои ги нуди програмата како и начините за нејзина апликација. Учество на настанот зедоа и претставници на акедемската заедница и студентите на Факултетот.
 |
|
Промоција на Програмата на ЕУ ФП7 и одбележување на 100 години од Нобеловата награда за хемија |
|
|
|
На 23 декември, со почеток во 12:30 часот, на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи ќе се организира презентација на Седмата рамковна програма (ФП7), најголемата програма на ЕУ која го финансира 'триаголникот на знаење' – истражување, образование и иновации. Овој настан ќе биде организиран по повод 100 – годишнината од Нобеловата награда за хемија доделена на Марија Склодовска – Кири. |
|
Одржана конференција „Франкофонијата и демократијата“ на ФАМИС |
|
|
|
Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи (ФАМИС) , во соработка со Франкофонски круг и Центарот за истражување и креирање политики од Скопје, на 12 декември 2011 година (понеделник), одржа конференција насловена „Франкофонијата и демократијата“.
Конференцијата се одржа во Свечената сала на ФАМИС во Битола.
Конференцијата имаше за цел запознавање на македонската јавност со практицирањето на демократијата, човековите права и слободи во франкофонскиот простор, преку промоција на Декларацијата од Бамако.
На конференцијата учествуваа млади правници, економисти, политиколози, студенти, франкофони, претставници на државни органи, судии, почесни конзули и други заинтересирани за развојот на демократијата, човековите права и правната држава во Република Македонија.
|
|
Предавање на г-нот Рајан Д. Стонер од Амбасадата на САД во Република Македонија 06.12.2011 |
|
|
|
На 06.12.2011 со почекот во 12:00 часот во свечената сала на ФАМИС се одржа предавање на господинот Рајан Д. Стонер, политички и економски советник во Амбасадата на САД во Р.Македонија. Во рамките на ова предавање студентите и присутните гости се запознаа со начинот на кој се стекнува и се остварува функцијата на еден дипломат. Беа разгледани аспектите на креирање на надворешната политика на државите и се проговори за перспективите и значењето на интеграциските процеси за меѓународните односи на државите.
|
|
Конкурс за запишување на студенти за втор циклус (последипломски студии) |
|
|
|

Во прилог е Конкурсот за запишување на студенти за втор циклус (последипломски студии) на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. |
|
Посета на Министерот за надворешни работи на ФАМИС |
|
|
|
На 12.05.2011 во склоп на Европските денови на ФАМИС, предавање одржа господинот Антонио Милошески Министер за надворешни работи на Р. Македонија. Во предавањето тој се осврна на вредностите врз кои е заснована Европската Унија и значењето што евро-интегративните процеси го имаат за нашата држава. Исто така тој даде осврт на активностите кои ги превзема Р. Македонија во процесот на пристапување кон Европската Унија. |
|
Проф. д-р Љупчо Тодоровски од Универзитетот во Љубљана одржа предавање на ФАМИС |
|
|
|

На 21.04.2011 на ФАМИС гостувачко предавање одржа проф. д-р Љупчо Тодоровски од Универзитетот во Љубљана. Предавањето беше на тема: Претставување на Универзитетот во Љубљана и актуелните проекти и истражувања од областа на информатичките науки и посебно од областа Податочно рударење. На предавањето учествуваа студенти од додипломски и последипломски студии на ФАМИС. |
|
Предавање од американската амбасада |
|
|
|

На 12.04.2011 во просториите на ФАМИС се одржа предавање на господинот Скот Винтон, политички советник во Aмбасадата на САД во Р. Македонија. Преку ова предавање студентите имаа можност поблиску да се запознаат со политичкиот систем на САД, начинот на креирање на надворешната политика во САД, како и спецификите на дипломатската функција и протокол. Ова предавање е резултат на континуираната соработката на ФАМИС, Американското катче од Битола и Амбасдата на САД. Меѓу другото на студентите им беа поделени информативни материјали за можностите за студирање во САД и за полагање на TOEFL интернационалниот тест за познавање на англискиот јазик. |
|
Учество на предавање на студентите на ФАМИС |
|
|
|

Студенти на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи - Битола учествуваа на заедничкото предавање на претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на тема: „На патот кон пристапувањето во ЕУ: Партнери во реформите за нашата заедничка европска иднина“ во хотел Инекс Горица во Охрид на 09 04.2011 година.
|
|
Проф. д-р Хрвоје Станчиќ од Универзитетот во Загреб одржа гостувачко предавање |
|
|
|

На 12.04.2011на ФАМИС, гостувачко предавање одржа Проф. д-р Хрвоје Станчиќ од Универзитетот во Загреб. Студентите и академскиот кадар имаа можност да се запознаат со можностите за соработка со Универзитетот во Загреб. Предавањето беше на тема: Претставување на Универзитетот во Загреб, актуелните проекти и истражувања од областа на информатичките науки и подетално истражувањата од Креирање, менаџирање и заштита на дигитални материјали.
|
|
Францускиот амбасадор одржа предавање на ФАМИС |
|
|
|
На 15 март 2011г., Н.Е г-дин Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција во Република Македонија го посети Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, каде беше примен од деканот, проф.д-р Виолета Пановска- Бошкоска.
Цел на неговата посета на ФАМИС беше предавањето кое го одржа пред бројните студенти, на тема: Предизвици и перспективи за проширувањето на Унијата-Француско видување.
Предавањето и темата предизвикаа голем интерес кај студентите за што доказ беа нивните многубројни прашања на кои амбасадорот со задоволство одговараше низ пријатен и исцрпен дијалог. |
|
Учество на BELGRADE OPEN 2011 |
|
|
|
Во периодот 25-28.02.2011 година на Правниот факултет во Белград и во Националниот парламент на Р.Србија се одржа меѓународен дебатен турнир - Belgrade open 2011 во организација на универзитетската дебатна мрежа од Белград – Отворена комуникација. На турнирот учествуваа 56 тимови од 15 земји.
Од Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи Битола учестуваше еден тим во состав: Викторија Маневска и Евгенија Бошковска (студентки во втора година на Менаџмент на информациски системи). |
|
|