Академски календар Print E-mail

Секоја академска година се состои од два семестри, а секој семестар брои 15 недели. Зимскиот семестар трае од 15 септември до 01 јануари наредната година, а летниот семестар трае од 01 февруари до 31 мај. Во текот на секој семестар се организираат две колоквиумски недели во кои не се одржува настава и вежби, но само се полагаат колоквиумите (континуирано испитување).  Редовните испитни сесии за студентите кои не се јавиле на колоквиумското оценување се организираат во: јуни, септември, ноември, февруари и април. Во текот на годината постои зимски и летен распуст. Зимскиот распуст трае еден месец, почнувајќи од 01 јануари до 01 февруари. Летниот распуст почнува од 1 јуни до 15 септември.

 

Наши дипломци

khantry design