| Студентско сместување |
|
|
|
Студентите кои што доаѓаат од други градови можат да се сместат во Студентскиот дом "Кочо Рацин" - Битола или во некои од приватните сместувања во градот. Студентскиот дом "Кочо Рацин" - Битола е лоциран во комплекс згради во непосредна близина на Факултетот на оддалеченост од околу 50 метри. Домот располага со вкупно 133 соби со 333 легла. Собите се двокреветни, трокреветни и четирикреветни. Исто така, домот располага со студентска менза, современо опремена кујна, со капацитет од 2.000 оброци дневно и ресторант со 300 седишта. Во комплексот има повеќе пропратни објекти: сала за културно-забавен живот, спортска сала, објект во кој се сместени читални, интернет кафе, ТВ сала, компјутерска лабораторија, котлара за сопствено парно греење со перална и магацински простор, студентска амбуланта, колонијални продавници. Подетални инфомации за пријавувањето и сместувањето, можете да добиете на 047/ 255 134, 255 132. |